Национална премиер лига на НЈВ, 6. коло, УРОШЕВСКИ ГО РЕШИ НАТПРЕВАРОТ

Сиднеј Јунајтед 58 – Рокдаел Илинден  0:2

Овој натпревар се одигра без публика бидејќи минатата сезона на натпреварот во Рокдаел  “навивачи” од двата тима по натпреварот се однесуваа неспортски, а како резултат на тоа Фудбалската федерација на НЈВ ја донесе таа одлука.

Атмосферата на стадионот како да им одговараше на фудбалерите на Илинден и уште во 15-тата минута поведоа со 0:2, а за водството нај заслужен беше незадржливиот Урошевски.

Илинден поведе со голот на Масиовечио во 7-та минута, а Урошевски во 15-тата минута го зголеми водството, впрочем тоа беше и конечниот резултат на овој натпревар без фудбалска атмосфера.

До крајот на средбата односно и во второто полувреме фудбалерите на Илинден имаа повеќе шанси да го зголемат водството меѓутоа беа непрецизни и неснаодливи пред голот.

Во предиграта, за тимови до 20 години, младите фудбалери на Илинден убедливо го поразија домаќинот со резултат од 4:1. 

К.М.

Тренер на подмладокот на Сиднеј Јунајтед, Оливер Вртковски

Останати вести