Национална премиер лига на НЈВ, 8 коло, Сатерланд Шаркс – Рокдаел Илинден 0:3

Разиграни беа “комитите“ во локалното дерби и сосема заслужено славеа убедлива победа. Со двата прекрасни гола на Џејден Касела во првото полувреме и еден во завршницата на Алекс Макиовекио беше повеќе од доволно за освојување на трите бода.

Касела го отвори резултатот во 31 минута со убав гол што сигурно ќе биде кандидат за гол на сезоната. Истиот играч повторно со уште една мајсторија се запиша како стрелец во 41 минута за 0:2. Со солидна предност потоа се замина на одмор.

Во второто полувреме Рокдаел Илинден продолжи со силното темпо и постојано беа опасни пред голот на домаќинот а голманот Антони Бузанис беше на штрек. Во 82 минута конечниот резултат го постави Макиовекио кој имаше лесна задача, одбиената топка од одбраната на Бузанис, од шутот на Касела, само да ја смести во празната мрежа за 0:3. Домаќинот на крај од средбата кој имаше исто така шанси беше целосно прегазен од клинички прецизните фудбалери на Рокдаел.

Рокдаел Илинден настапи со следниот состав: Брадашевиќ, Петковски, Грифитс (Перчевски), Муч, Арауџо, Урошевски (Антониу), Кулески, Кекерис (Макиовекио), Сорџ, Касела и МекСтеј (Вада).

Во недела, на 1 мај, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Нортбриџ Булс со почеток во 16 часот.

Останати вести