Национална премиер лига на НЈВ, 9 коло, Сиднеј Јунајтед – Рокдаел Илинден 1:2

Средба која беше решена буквално во последните мигови на натпреварот. Во првото полувреме извонредниот Алек Урошевски во 29 минута ја затресе мрежата, донесувајќи водство за Илинден. Домаќинот успеа да изедначи во 52 минута на 1:1.
Кога сите очекуваа дека средбата ќе заврши со поделба на бодовите, во 93 минута Хантер Елиот постигна гол за конечните 1:2 и заслужена победа на Рокдаел Илинден.
Во недела, на 14 април, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сиднеј Олимпик со почеток во 16 часот.

Останати вести