Национална премиер лига на НЈВ за женски екипи, 21 коло, Сиднеј Македонија – Манли Јунајтед 3:2

Во мошне возбудлив натпревар, посебно во вторите 45 минути на последниот домашен натпревар тимот на Сиднеј Македонија забележа важна победа.

Иако “морските галеби” во 30-тата минута први дојдоа во водство со голот на Форнер (од слободен удар), сепак бодовите останаа на Џенсен парк за Сиднеј Македонија.

Оливиа Прајс во 67 минута го изедначи резултатот, а само две минути подоцна со голот на Минет ново водство на “морските галеби”.

Возбудувањата не престанаа. Шивон Едвардс во 72-та минута повторно го изедначи резултатот, а кулминацијата стигна само пет минути подоцна кога Ароусмит (од пенал) го постигна победоносниот гол за Сиднеј Македонија.  

На едно коло пред крајот на првенството Сиднеј Македонија со 34 бода е на 6-то место на табелата.

Во последното коло, во недела, на 4 септември Сиднеј Македонија ќе игра со претпоследниот на табелата, Фудбал институт НЈВ, а натпреварот ќе се одигра на Валентајн Спортс Парк во Гленвуд со почеток во 15 часот.

На овој натпревар победата на Сиднеј Македонија не би требало да биде во прашање.

К.М.

Имаа успешна сезона – Шивон и Бриана Едвардс

Останати вести