Национална премиер лига на северен НЈВ, 6 коло, Бродмедоу Маџик – Адамстаун Розбадс 6:0

Силна победа на Бродмедоу Маџик кој доминираше по целиот терен и мудро ги користеше своите шанси. Во 19 минута Џејкоб Довс го постигна првиот гол за 1:0. Истиот играч пред крај на првото полувреме повторно се запиша како стрелец за 2:0.

Во вториот дел Бејли Велс во 48 минута зголеми на 3:0. Нему му се придружи капитенот Џереми Вилсон во 57 минута за 4:0. Додека Кени Мор во 63 минута ја затресе мрежата за 5:0. Конечниот резултат го постави Крис Берлин во 86 минута за 6:0.

Овој четврток, на 14 април, Бродмедоу Маџик игра за Купот на ФФА и гостува кај Мејфилд Јунајтед со почеток во 19:30 часот.

Регуларното првенство продолжува во сабота, на 23 април, Бродмедоу Маџик гостува кај Маитланд со почеток во 15 часот.

Останати вести