Национална премиер лига на северен НЈВ, 11 коло, Бродмедоу Маџик – Њу Ламбтон 5:1

Повеќе од заслужено славеше со висока победа нашата Бродмедоу Маџик минатиов петок пред домашната публика. Мрежата на гостите започна да се тресе од дваесеттата минута и се редеа головите на: Томас Бечам, Џејден Стјуардсон, Бејли Велс, Вил Инграм и еден автогол за 5:0. Њу Ламбтон во последните мигови од средбата само го ублажи високиот пораз со гол во 88 минута за 5:1.
Во сабота, на 18 мај, Бродмедоу Маџик гостува кај Адамстаун Розбадс со почеток во 14:30 часот.

ТАБЕЛА

Ламбтон 30
Бродмедоу Маџик 24
Чарлстон Азури 21
Валентин 16
Еџворт 14
Вестон Воркерс 13
Њукастел Олимпик 13
Маитланд 11
Кукс Хил Јунајтед 8
Њу Ламбтон 4
Лејк Маквари 3
Адамстаун Розбадс 2

Останати вести