Уверливо е совладан Валентајн и сега Бродмедоу Маџик има серија од пет победи по ред. Нашиот претставник со 15 бода е само со два помалку од лидерот Чарлстон Азури.
Магичните имаа почеток од соништата кога во 5 минута Џекоб Довс искористи мешаница пред голот на Валентајн и постигна гол за 1:0. Малку потоа во 10 минута Сем Донелан со глава ја испрати топката во мрежата за 2:0.
Гостите во 14 минута преку Тајрон Молдер намалија на 2:1, и со овој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел повторно Довс се запиша како стрелец во 58 минута за 3:1 со прецизен удар од средината на шеснаесетникот. Додека конечниот резултат го постави Бејли Велс во 79 минута за 4:1.
Во недела, на 15 мај, Бродмедоу Маџик гостува кај Чарлстон Азури со почеток во 14 часот.