Национална премиер лига на северен НЈВ, 15 коло, Кукс Хил Јунајтед – Бродмедоу Маџик 1:3

Минатава сабота Бродмедоу Маџик постигна клучна победа за да остане во трката за сезонската титула со победата од 3:1 на гостински терен против Кукс Хил Јунајтед.
Бродмедоу дојде до водство од 1:0 во првиот дел со голот на Сем Донелан. Само што започна вториот дел се зголеми водството во 49’ кога топката од одбиениот удар на Бејли Велс дојде до Рајли Смит, кој биеше прецизно за 2:0.
Велс во 88-та минута зголеми на 3:0, совладувајќи го голманот на Кукс Хил, Даниел Ајзенхауер. Пред крај на натпреварот, во 91 минута, Кембел Рос успеа само да го ублажи поразот за конечните 1:3.
Бродмедоу Маџик останува трет на табелата одржувајќи ја на четири бода разликата со лидерот Чарлстаун.
Во недела, на 25 јуни, Бродмедоу Маџик гостува кај Ламбтон Џафас со почеток во 14:30 часот.

ТАБЕЛА

Чарлстаун 34
Вестон Беарс 31
Бродмедоу Маџик 30
Маитланд 27
Еџворт 25
Ламбтон Џафас 25
Хамилтон Олимпик 24
Валентин 18
Кукс Хил Јунајтед 13
Адамстаун Розбадс 11
Њу Ламбтон 8
Лејк Маквори 4

Останати вести