Вечерниот натпревар што се играше во Српскиот спортски центар го доби Престон Македонија со минимална предност од 0:1. Стрелец на единствениот гол во последните моменти од првото полувреме беше Конор Бел. По досудениот слободен удар на 20 метри од голот Бел излезе на сцена и Англичанецот прекрасно го изведе над живиот ѕид, по што ја смести топката во горниот десен агол.
Во второто полувреме, гласно бодрени од навивачите, фудбалерите на Престон Македонија доминираа низ целиот терен и успеаја да го зачуваат водството со што се освоија нови три бода.
Следното коло се игра големото Македонско дерби што ќе се игра на реновираниот стадион на Лавовите во Резерво.
Во петок, на 1 април, Престон Македонија ја пречекува екипата на Џилонг Македонија со почеток во 20:30 часот.