Инфаркт средба во која беа постигнати дури осум гола, полна со неизвесност и преврти до последниот момент. Гостите набргу дојдоа до водство од 0:2 и беше потребно да се употреби целата сила до последниот атом за да се стигне таа предност до крај на првиот дел. За тоа беа заслужни головите на Антони Трајковски во 39 минута и дебитантот Тарек Ата во 44 минута за на одмор на полувремето да се замине со 2:2.
Во вториот дел улогата беше сосема изменета и следеа два гола на Марвин Браувеилер во 55 и 67 минута за високо водство на Џилонг Македонија од 4:2. Но не беше судено да остане овој резултат и прво во 77 минута водството беше намалено на 4:3. Во судиското продолжение во 93 минута Бокс Хил успеа да изедначи на конечните 4:4, за поделба на бодовите.
Во сабота, на 1 јули, Џилонг Македонија гостува кај Каролајн Спрингс Џорџ Крос со почеток во 17:30 часот.