Национална прмеиер лига на северен НЈВ, 7 коло, Бродмедоу Маџик – Ламбтон Џафас 2:3

Средба на две екипи кои се на самиот врв од лигата и во која за жал славеше  Ламбтон Џафас. Почетокот беше надежен за нашата Бродмедоу Маџик и дојде до водство од 2:0 со головите на Велс во 11` и Роуз во 23 минута. Пред крајот на првото полувреме Хеј во 45 минута намали на 2:1.

Во вториот дел клучен беше моментот кога гостите добија пенал од кој преку Петит во 86 минута изендачија на 2:2. А во завршницата, во 90 минута Бонд го постигна победничкиот гол за Ламбтон од 2:3.

Во недела, на 21 април, Бродмедоу Маџик ја пречекува екипата на Маитланд со почеток во 14:30 часот.

Останати вести