Националната Премиер Лига 1 на НЈВ, 1 коло, Сиднеј Македонија – Интер Лајонс 1:3

Првиот натпревар за Сиднеј Македонија за жал заврши со убедлив пораз од Интер Лајонс. По освојувањето на Македонскиот куп оваа година, екипата на Сиднеј Македонија е со намера да освои промоција. Тренерот Саша Тировски има сосема нов тим, бидејќи од минатата сезона дури 13 играчи го напуштија клубот, вклучувајќи ги стандардните Никола Тодороски и Анте Томиќ. Тие се заменети со Крис Пејн и Деванте Клут од Сиднеј Јунајтед. Никола Џорџевиќ и Рет Дасилва од Маунт Друит Даун Ренџерс. Додека Џејми Базески доаѓа од Јагуона Лајонс.
Во петок, на 23 февруари, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Нордерн Тајгерс со почеток во 20 часот.

Останати вести