Незаборавна духовна лекција: Архимандрит Серафим меѓу децата од училиштето „Филип II“

Македонија, на 24 ноември (понеделник) оствари  посета на Македонското етничко училиште „Филип II“. Оваа средба претставуваше вистинско настан за сите присутни – учениците, родителите и наставниците. Гостите од манастирот со топлина и духовна радост беа пречекани од децата кои посетуваат настава по македонски јазик и веронаука. За време на часот, најмладите  имаа можност непосредно да се запознаат со отец Серафим, кому со големо љубопитство и искреност му поставуваа прашања за верата, манастирскиот живот и духовните вредности. Архимандритот со поучен тон одговараше на секое прашање, пренесувајќи им на децата дел од богатството на православната духовност. Наставниците со задоволство истакнаа дека ваквите средби се од огромно значење за оформувањето на духовниот и културниот идентитет на младите генерации. Оваквите настани им овозможуваат на учениците не само да слушнат, туку и лично да почувствуваат како изгледа кога живи сведоци на верата ја споделуваат својата мисија и повик. Еден родител искрено забележа дека посетата била „нешто навистина за душата — преубаво и воздигнувачко искуство“. Присутните ја споделија истата благодарност и радост, сведочејќи дека атмосферата била исполнета со мир, топлина и духовен благослов. Многумина посочија дека оваа средба оставила траен впечаток и дека децата со уште повеќе љубов и интерес го продолжиле разговорот за верата и традицијата и по завршувањето на часот. 

Македонскиот училишен совет на Нов Јужен Велс, изрази најискрена благодарност до Високопреподобниот архимандрит Серафим и сестринството од Слепчанскиот манастир „Св. Јован Претеча“ од Македонија. Нивната посета беше вистински духовен дар, кој ќе остане во нашата заедница како светол и инспиративен спомен.

Останати вести