Средбата Италија – Македонија Македонците во Австралија би можеле да ја следат во директен пренос (кој има можност) на 25 март од 6:45 наутро (AEDT)
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски даде интервју за италијанска „La Republica“ во кое зборуваше за многу теми, вклучувајќи го и натпреварот на Македонија против Италија. Тој не е повикан во составот за мечот што се одигра на стадинот „Ренцо Барбера“ во Палермо.
Инаку Несторовски се прослави во Италија токму во дресот на ФК Палермо од каде отиде во Удинезе.
– Прочитав дека стадионот ќе биде полн и знам дека тоа ќе даде голем поттик на Италија. Можеби FIGC (италијанската фудбалска федерација -н.з.) заборави дека Трајковски, исто како мене, добро го знае теренот во Палермо. И тој играше таму. Да не заборавиме дека еднаш ја запревме Италија (1:1) токму со гол на Трајковски во 2017 година која потоа играше бараж против Шведска и не се квалификуваше за СП во Русија. Накратко кажано имаме големи шанси. Сите карти се отворени во овој плеј-оф меч. Се игра еден меч кој може да биде решен со еден потег, пенали или во екстра времето, изјави Несторовски.