Ноќна серија на НПЛ за ЗА, полуфинале, Инглвуд Јунајтед – Стирлинг Македонија 3:2

Инглвуд Јунајтед  го резервира своето место во финалето што ќе се игра в сабота на “Франк Драго Ризерв“, со победата во последните моменти од 3:2 над нашата Стирлинг Македонија.

Инглвуд се стекна со предност од 2:0 по 24 минути игра, благодарение на головите на Мајкл Домфех и Хари Еванс од пенал. Стирлинг Македонија потоа го засили темпото и постигна по еден гол во двете полувремиња за да го израмни резултатот на 2:2. Кога изгледаше дека средбата ќе заврши со нерешен резултат и ќе се оди на изведување пенали се случи изненадување. Длабоко во судиското продолжение  Дилан Вајт го постигна конечниот резултат за 3:2.

Во другиот полуфинален натпревар Олимпик Кингсвеј беше пресилен за Армадејл и го совлада со 3:0.

Сега Инглвуд Јунајтед ќе се соочи со Олимпик Кингсвеј во финалето на Ноќната серија на НПЛ за мажи на стадионот Инглвуд.

Останати вести