НПЛ Нов Јужен Велс – 13. коло, Волонгонг Вулвс – Рокдејл Илинден 2:2

Во возбудлив натпревар одигран на стадионот „Македонија Парк“, екипата на Волонгонг Вулвс не успеа да ги задржи трите бода, откако одигра 2:2 против Рокдејл Илинден, и покрај водството од два гола.

Домаќините имаа одличен старт и во првото полувреме стекнаа сигурна предност. Флин Маден во 16` го отвори резултатот, а потоа следеше и втор погодок во 30 минута, постигнат по одбиен удар кој заврши во мрежата, за 2:0 и целосна контрола на Вулвс.

Сепак, во второто полувреме Рокдејл Илинден покажа карактер и започна со силен притисок. Намалувањето на резултатот дојде во 76. минута преку Оли Вигин, кој внесе нова неизвесност во натпреварот. „Комитите“ продолжија со нападите, а нивната упорност беше наградена во судиското продолжение, кога Муди Наџар во 92. минута постигна погодок за конечни 2:2 и голема радост за својот тим.

Со овој резултат Волонгонг Вулвс ќе жали за испуштената победа, додека Рокдејл Илинден може да биде задоволен од освоениот бод по драматичната завршница.

Во следното коло, во недела на 10 мај со почеток од 15:00 часот, Рокдејл Илинден на домашен терен ќе го пречека тимот на Сиднеј ФК до 23 години.

ТАБЕЛА
Сиднеј Јунајтед 34
АПИА Леикард 32
Маркони Сталионс 31
Волонгонг Вулвс 24
Рокдаел Илинден 22
НЈВ Спирит 20
Сиднеј 18
В.С. Вонддерерс 16
Сатерлан Шаркс 16
Сент Џорџ Саинтс 16
СД Раидерс 14
УНЈВ 13
Манли Јунајтед 12
Блектаун Сити 10
Сент Џорџ Сити 10
Сиднеј Олимпик 7

Останати вести