НПЛ Нов Јужен Велс – 6. коло, Рокдејл Илинден ФК – АПИА Леикард ФК 0:1

Екипата на Рокдејл Илинден претрпе минимален пораз од 0:1 на домашен терен од тимот на АПИА Леикард, откако гостите до победата стигнаа во самата завршница на натпреварот.

Средбата донесе израмнета и борбена игра, во која „комитите“ се обидуваа да дојдат до позитивен резултат пред својата публика. Сепак, кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, гостите го зададоа решавачкиот удар.

Во 86. минута Мајкл Конестабиле успеа да ја затресе мрежата на Рокдејл Илинден и да му донесе водство и конечна победа на составот на АПИА Леикард од 0:1.

Пред почетокот на натпреварот беше одржана и пригодна комеморација по повод една година од трагедијата во Кочани во Македонија, на која играчите и присутните им оддадоа почит на жртвите.

Во следното коло, во сабота на 21 март, Рокдејл Илинден ќе гостува кај НЈВ Спирит, а натпреварот е закажан со почеток во 17:30 часот. 

Останати вести