НПЛ Нов Јужен Велс – 7. коло, НЈВ Спирит – Рокдејл Илинден 0:2

Рокдејл Илинден продолжува со победничкиот ритам, откако на гостински терен славеше со сигурни 2:0 против НЈВ Спирит, запишувајќи ја петтата победа во низа.

По израмнето прво полувреме без голови, гостите го скршија отпорот на противникот рано во вториот дел. Локлан Констабл постигна вистински еврогол со удар од далечина, носејќи водство и дополнителна самодоверба за својот тим.

„Комитите“ ја потврдија победата во самиот финиш на натпреварот. По одлично додавање преку одбраната од Моуди Наџар, Џери Скотадис во 89 минута рутински реализираше за конечни 2:0.

Со оваа победа тимот останува во одлична форма, а позитивната атмосфера се пренесува и на трибините, каде навивачите силно го поддржуваат победничкиот поход.

Во следното коло, на 28 март (сабота), Рокдејл Илинден на домашен терен ќе ја пречека екипата на Сиднеј Јунајтед, со почеток во 17:00 часот.

ТАБЕЛА
Сиднеј Јунајтед 18
Сент Џорџ Саинтс 16
Маркони Сталионс 16
АПИА Леикард 16
Рокдаел Илинден 15
В.С. Вонддерерс 12
НЈВ Спирит 10
Волонгонг Вулвс 9
Сиднеј 9
Сент Џорџ Сити 8
Сатерлан Шаркс 6
УНЈВ 5
Манли Јунајтед 5
Блектаун Сити 4
СД Раидерс 4
Сиднеј Олимпик 4

Останати вести