Ограбена вилата на Новак Ѓоковиќ, еве што му одзеле

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, неодамна доживеа голема непријатност – неговата куќа во Марбела беше ограбена. Ноле во тоа модерно шпанско одморалиште има вила вредна 10 милиона австралиски долари, во која имал непоканети гости на 23 август.

Од кај Ѓоковиќ биле украдени пари, накит и скапи часовници, пренесува српскиот портал “Меридијан“. Таа ноќ крадците имале организирана акција во која ограбиле дури 22 вили, вклучувајќи и некои од шпанските репрезентативци во фудбал и кошарка.

Ѓоковиќ моментално е на УС Опен во Њујорк, на чекор до Грен слемот, односно да ги освои четирите најголеми турнири во иста сезона.

Останати вести