Актерката и пејачка Оливија Њутн-Џон почина на 73 години, објави нејзиниот сопруг во вторникот.
„Оливија почина мирно на нејзиниот ранч во јужна Калифорнија, окружена од семејството и пријатели. Таа беше симбол на триумфи и надеж во изминатите 30 години, споделувајќи го своето патување со ракот на дојката“, изјави сопругот Џон Истерлинг.
Во 2017 Њутн-Џон откри дека ѝ се вратил ракот од кој првпат се разболе во 1992, при што ѝ се проширил на ‘рбетот. Таа кажа дека имала и втора дијагноза во 2013, но јавноста не дознала за неа.
Нејзиниот активизам за истражување и подобро лекување на ракот заедно со болницата во Мелбурн што го носи нејзиното име остануваат еднакво клучен елемент на нејзиното наследство како и кариерата во шоу бизнисот.
Таа освои четири Греми награди и продаде над 100 милиони албуми, но улогата во мјузиклот „Брилјантин“ (Grease) од 1978 година е она што ѝ го зацементира митскиот статус. Иако на 29 години ја играше средношколската љубов на Џон Траволта, „Брилјантин“ беше најголемиот хит таа година, а албумот со песните од филмот помина 12 недели на врвот на американската топ-листа.
Малкумина знаат кој ѝ беше дедо на Оливија -е еден од најголемите научници во историјата
Помалку познато е дека на Оливија дедо по мајка и е Макс Борн, добитник на Нобеловата награда за физика и пријател на Ајнштајн.
Борн (1882-1970) бил германски физичар и математичар кој бил клучен во развојот на квантната механика. Тој, исто така, даде придонес во физиката и оптиката на цврста состојба и ја надгледуваше работата на голем број истакнати физичари во 1920-тите и 1930-тите години.
Борн ја доби Нобеловата награда за физика во 1954 година за неговото „фундаментално истражување во квантната механика, особено во статистичкото толкување на брановата функција“.