Опозицијата во Австралија се распаѓа: Националната партија настапува самостојно од Либералите

Конзервативната опозиција во Австралија, составена од Либералната и Националната партија, е во сериозна внатрешна криза. Националната партија најави дека ќе ја напушти заедничката опозиција и ќе настапува самостојно во парламентот, поради долготрајни несогласувања со Либералите.

Лидерот на Националната партија, Дејвид Литлпрауд, ја прогласи коалицијата за „неодржлива“ и изјави дека неговите пратеници не сакаат да служат под водаство на лидерката на Либералите, Сузан Ли.

Ли се соочува со растечки притисок да се повлече од лидерската позиција, а дел од нејзините колеги ја критикуваат за слабеење на опозицијата. Некои аналитичари и пратеници веќе спомнуваат други кандидати за лидерска позиција, меѓу кои и Ендрју Хести.

Раздорот значи дека опозицијата повеќе не настапува како единствен блок, што ја ослабнува нејзината способност да се спротивстави на владата на  Ентони Албанезе. Криза во коалицијата се појавува во време кога и  партијата One Nation бележи раст во анкетите, што дополнително го комплицира политичкиот пејзаж.

Ова е втор пат по изборите во 2025 година кога Националите се одвојуваат од Либералите, што ја нагласува длабоката поделба во конзервативното крило на австралиската политика.

Останати вести