Русија нема да биде дел од ждрепката за престојните квалификации за Европското првенство 2024 година.
Извршниот комитет на УЕФА одлучи да ја продолжи забраната за настап на репрезентацијата на Русија во натпреварувањата.
Поради тоа што војната во Украина се уште трае, Русија нема да биде во октомвриската ждрепка за квалификациите за ЕУРО 2024, а тоа значи дека нема да биде дел ниту од овој континентален собир.
УЕФА веќе го усвои квалификацискиот систем. Во ждрепката ќе учествуваат 53 репрезентации кои ќе бидат поделени во 10 групи, три од нив ќе бидат со по шест селекции, а седум со по пет репрезентации во група.
Домаќинот Германија автоматски ќе се пласира на ЕУРО 2024. Нема да има бараж, туку најдобрите две репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман на Европското првенство. Преостанатите четири места ќе се пополнат од Лигата на нации.