Фудбалерите на Џенова се радуваа на пласман во шеснаестинафиналето во Копа Италија, откако на својот „Луиџи Ферарис“ ја добија Перуџа со 3:2 (2:2). Иако новиот второлигаш успеа да го изненади фаворитот и поведе со два гола, искуството го направи своето, а дополнително помогна и црвениот картон во редовите на гостите.
Иако дента беше промовирана продолжената соработка на Горан Пандев со клубот (уште една година), струмичанецот доби шанса веднаш на полувремето. Балардини покажа дека верува во ветеранот, кој го одигра вториот дел.
Решавачкиот момент беше во 88. минута кога Ровела го проигра Калон, кој реализира за 3:2 и пласман понатаму во Купот.