Петто зголемување на каматните стапки

Резервната банка на Австралија ги зголеми каматните стапки уште за 0,5 отсто – на 2,35 отсто.

Инфлацијата во Австралија е на највисоко ниво од раните 1990-ти и се очекува дополнително да се зголемува во текот на следните месеци. Постојат нагорни притисоци врз цените од силната побарувачка, ниската невработеност и ограничувањата на капацитетот во некои сектори на економијата.

Се очекува дека инфлацијата најверојатно ќе го достигне својот врв подоцна оваа година околу 7,75 отсто, пред да се намали на 4 отсто до следната година, а потоа на 3 отсто во 2024 година.

Предвидувањата се дека дополнително ќе се зголемат каматните стапки во текот на следните месеци. Огласите за работа се на многу високо ниво, што укажува на натамошно намалување на стапката на невработеност во текот на следните месеци.  Невработеноста може да биде пониска од сегашното 48-годишно ниско ниво од 3,4 проценти.

Пред потегот на банката, прајминистерот Ентони Албанезе рече дека ги разбира притисоците од трошоците за живот со кои се соочуваат луѓето.

Тој рече дека владата наскоро ќе ги исполни своите изборни ветувања, носејќи ги во парламентот законите за поевтини лекови и мерките за грижа за децата, додека поддржа  зголемување на минималната плата.

„Ги разбираме притисоците под кои се наоѓаат луѓето и сакавме да преземеме мерки кои ќе ги ублажат зголемувањата на трошоците за живот“, рече тој.

Чалмерс рече дека повисоките каматни стапки значат и построги одлуки за владата, бидејќи ги зголемуваат трошоците за сервисирање на долгот на владата од речиси 1 трилион долари.

Останати вести