По победата на Макс Верстапен во Остин, Америка, Луис Хамилтон признава дека сезонава ќе биде тешко да ја одбрани титулата во Ф1. Холандскиот возач, иако беше претекнат на почетокот на трката од возачот на “Мерцедес“, Хамилтон, успеа да создаде простор во моментот на промена на гумите да се врати на првата позиција пред британскиот возач.
На третото место се најде Серхио Перез од „Ред Бул“ со задоцнување од над 40 секунди додека Чарлс Леклер со „Ферари“ застана на четвртото место оставајќи го зад себе Даниел Рикиардо. Нови бодови во оваа сезона во Формула 1 освоија и Карлос Саинц, Ландо Норис, Јуки Кунода и Себастијан Фетел.
“Ред Бул“ сезонава има компактен и конкурентен болид за титулата, а тоа најдобро го знае Хамилтон, кој во Верстапен најде соодветен противник.
Со победата во Тексас, Холанѓанецот е сега на +12 во однос на Луис Хамилтон, тоа е сепак лесно достижна предност, бидејќи има уште неколку трки до крајот на сезоната.
– Трките во Мексико Сит и Сао Пало се на поголема надморска висина и тоа ќе го фаворизира “Ред Бул“. Мора да се обидеме да ја намалиме нивната предност, меѓутоа, знам дека ќе биде доста тешко. “Ред Бул“ има одредена предност, па ќе мора да се избориме со нив рече Хамилтон.
Тој успеа на стартот да го мине Верстапен, но на крајот не успеа да ја сочува предноста.
– Не знам кога последен пат стартував така добро. Со тој сегмент сум навистина задоволен. Дадов се од себе, меѓутоа “Ред Бул“ едноставно беше побрз од нас во одредени моменти, порача Хамилтон.