Во северниот дел на Австралија во тек е потрага по поранешниот радио водител Роман Бучаски, кој исчезна во водите преполни со крокодили додека ловел риба.
Алармот се вклучил кога Бучаски, кој во неделата отишол сам на риболов, не се вратил во својот камп.
Некои од неговите работи оттогаш се пронајдени во близина на река на оддалечениот полуостров Кејп Јорк во Квинсленд.
Бучаски е страстен риболовец и поранешен водител на риболовно шоу на 2GB радио станица во Сиднеј.
Спасувачките хеликоптери и копнените екипи ја пребаруваат областа од неделата вечерта, кога започна потрагата.
Полицијата соопшти дека автомобилот со кој управувал Бучаски е пронајден покрај реката, а локалните медиуми јавуваат дека е пронајдена и опрема за риболов.
Претставник на полицијата рече дека областа е добро познато живеалиште за крокодили, но додаде дека Бучаски добро го познава теренот и претходно преземал слични потфати.
Крокодили има многу во тропскиот север на Австралија, а во февруари ренџерите убија крокодил од 4,2 метри кој нападнал човек и му го изел кучето во оддалечената марина северно од Кернс.