Полицијата на Австралија неодамна објави информација за голема заплена на дрога вредна 106 милиони, која била скриена во “бентли С2“ од 1960 година.
“Бентлито С2“ било искористен во обид за шверц на кокаин, метиламфетамин и фентанил во Австралија, а шверцерите биле разбиени во пристаништето Ботани во Сиднеј. Автомобилот бил снимен со рендген по дојавата од австралиската гранична полиција и оттогаш е демонтиран. Полицијата пронашла 161 кг метиламфетамин, 30 кг кокаин и одредена количина фентанил чија вредност се проценува на 106 милиони долари. Дрогата била поставена зад фаровите на олдтајмерот.
Автомобилот инаку бил испратен во Австралија од Ванкувер (Канада), а откако полицијата ја запленила дрогата, “бентлито“ повторно било склопено и испратено до неговата крајна дестинација. За тоа време е добиен налог за претрес на објект во населбата Рути Хил. Во таа акција полицијата заплени“бентли“, “форд фокус“, мобилни телефони и компјутери, а приведени се млад човек и млада жена. Потоа полицијата уапсила уште две лица. При претрес на возилото се пронајдени уште 2,2 килограми метиламфетамин и повеќе од 759.000 долари.
Канада е позната по тоа што ја снабдува Австралија со дрога, а во изминатите неколку години беа уапсени неколку луѓе.