Потег за почит: Јапонскиот селектор им се поклони и им се заблагодари на навивачите

Јапонија беше едно од најпријатните изненадување на Светското првенство, но нивниот настап заврши со пораз по пенал-рулетот со Хрватска, во осминафиналето.

Јапонците први дојдоа до предност, Хрватите во вториот дел израмнија и со тој резултат 1:1 заврши регуларниот дел и продолженијата а при ударите од 11 метри херој на „коцкестите“ беше голманот Ливаковиќ кој фати три пенали.

Овој резултат секако донесе разочарување кај „самураите“ кои, да не заборавиме, на овој турнир ги добија Германија и Шпанија со 2:1.

Меѓутоа реалноста е таа, тие ги спакуваа куферите и заминаа дома, но остана во сеќавање она што го направи селекторот Хаџиме Моријасу кој со еден потег ги освои срцата на фудбалските фанови.

Имено, по завршувањето на мечот со Хрватска тој излезе на теренот и им се поклони и им се заблагодари на сите луѓе кои дојдоа им дадоа поддршка во Катар.

Јапонците и во Катар покажаа дека се нација која не оставаа ни ливче ѓубре зад себе – фудбалерите ги чистеа соблекувалните после секој натпревар, а навивачите трибините.

Останати вести