Сиднам Парк Македонија со пораз ја започна сезоната на гостувањето кај Кило Парк. Домаќинот со по еден гол во двете полувремиња успеа да забележи победа.
Сиднам Парк имаше голем хендикеп на оваа средба бидејќи од 40 минута играше со играч помалку кога Даниел Видаковиќ доби црвен картон. Стрелци на головите беа: Давид Просиа во 38` и Баџиу Јусиф во 59 минута.
Во сабота, на 26 март, Сиднам Парк Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Витлси Јунајтед со почеток во 15 часот.