Освоени се трите бода од гоствањето кај Витлси Јунајтед. Во првото полувреме Крис Давис се запиша како стрелец за 0:1. Минималната предност се одржуваше до 71 минута, кога беше досуден пенал и Б Асир доби црвен картон со што домаќинот остана со играч помалку. Прецизен егзекутор на најстрогата казна беше Борбор Сем за водство од 0:2. Малку потоа во 79 минута Џеј Харт ја затресе мрежата на домаќинот за 0:3.
Конечниот резултат со почесниот гол на Јунајтед го постигна Р. Силели за 1:3.
Продолжува маратонот за првото место на табелата што носи промоција во НПЛ 3 наредната сезона и само три бодa е разликата меѓу Алтона Сити и Сиднам Парк.
Во сабота, на 8 јули, Сиднам Парк ја пречекува екипата на Корајо со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Алтона Сити 35
Сиднам Парк Македонија 32
Вестгејт 26
Витлси Јунајтед 26
Бримбанк Сталионс 21
Упфилд 20
Стратмор 19
Витлси Ранџес 17
Јаравил 15
Банјул Сити 15
Корајо 12
Кило Парк 7

Сиднеј Македонија оствари победа по високиот пораз минатото коло, овојпат сигурно триумфирајќи над слабиот тим на Централ Коуст Јунајтед на Џенсен Парк.
Двата гола во второто полувреме ја донесоа победата, а стрелци беа Џордан Морфитис во 58`од пенал и новото засилување Асмир Кадриќ во 68 минута го постави конечниот резултат од 2:0.
Во сабота, на 8 јули, Сиднеј Македонија гостува кај Дулвич Хил со почеток во 19 часот.

Изедначената борба на двете екипи беше до самиот крај на средбата со доста шанси, а Бродмедоу Маџик може само да жали што не искористи и пенал во завршницата. Тејлор Пат голманот на Маитланд беше едноставно несовладлив на оваа средба. Гостите од друга страна во 18 минута преку Брејдин Кроули го постигнаа победоносниот гол за 0:1. За Маитланд ова беше осма победа во низа и сега изби на второто место зад Чарлстон Азури кој има четири бода предност.
Со поразот, од друга страна, Бродмедоу Маџик испадна од групата на првите пет и падна од четвртото на шесто место.
Во сабота, на 8 јули, Бродмедоу Маџик гостува кај Њу Ламбтон со почеток во 14:30 часот.
ТАБЕЛА
Чарлстон 37
Маитланд 33
Ламбтон Џафас 31
Вестон Беарс 31
Еџворт 31
Бродмедоу Маџик 30
Хамилтон Олимпик 24
Валентин 22
Кукс Хил Јунајтед 19
Адамстаун Розбадс 14
Њу Ламбтон 9
Лејк Маквори 4

Почетокот беше надежен за Слога но фудбалот се игра преку целиот натпревар и гостите се покажаа поумешни и заслужено ги земаа трите бода од гостувањето. Во првото полувреме со голот на Сумбул во 36 минута Лајло Слога водеше со 1:0.
Во второто полувреме се редеа головите на Албион Џ. Фокс во 54` и 90 минута, а преостанатиот гол го постигна Л. Дохерти во 84 минута за конечните 1:3.
Во петок, на 7 јули, Лајло Слога гостува кај Алтона Ист Феникс со почеток во 20:30 часот.

Пленти Вали Лајонс со минимална победа ги освои бодовите со единствениот гол постигнат во 65 минута од Л. Гиунта. Во завршнита Пленти Вали остана со играч помалку кога во 88 минута Коланџели го доби вториот жолт и автоматско исклучување.
За среќа екипата остана со 10 играчи само неколку минути што гостите не успеаја да ги искористат.
Во сабота, на 8 јули, “леринчани“ гостуваат кај Нордерн Фалконс со почеток во 15 часот.
Уште еден пораз за Нобл Парк која има само еден освоен бод од петнаесет одиграни средби. Гостите постигнаа по еден гол во двете полувремиња од Фајази во 18` и Ахметановиќ во 85 минута.
На натпреварот во 88 минута Поповиќ доби црвен картон и Нобл Парк заврши со 10 фудбалери на теренот, што реално немаше никаква разлика на конечниот резултат.
Во сабота, на 8 јули, Нобл Парк гостува кај Спрингвале Сити со почеток во 15 часот.

Малку фалеше од добиен натпревар да се заврши со поделба на бодовите. Волците започнаа силно и стигнаа до водство од 3:0. Едноставно се редеа головите на Суарез 36, Паункоски 57 (пенал) и 59 минута. Можеби големото водство влијаеше да се опушти темпото и се дозволи експресно изедначување од гостите: Мабор 66и Урета во 70 и 79 мнинута за 3:3.
Конечниот резултат и голот што ја реши средбата го постигна Моникер во 88 минута за 4:3.
Во сабота, на 8 јули, Кило Волци ја пречекуваат екипата на Бел Парк со почеток во 15 часот.

Минимална победа на гостувањето кај Порт Кембла, а стрелец на победоносниот гол беше Маковски во 16 минута. Волонгонг Јунајтед останува на третото место.
Во сабота, на 8 јули, Волонгонг Јунајтед ја пречекува екипата на Беламби Розелас со почеток во 14:30 часот.

Висока победа на Крингила Лајонс – практично го збриша домаќинот со извонредната игра на Симоноски кој постигна дури пет гола на оваа средба. Симоноски беше стрелец во 7, 9, 15(пенал), 75 и 84 минута, а на листата со голови се запишаа и Угриновски во 29и Прентовски во 37 и 56 минута.
“Лавовите“ заслужено се на второто место и само три бода е разликата од првопласираниот Албион Парк Вајт Иглс кој има 38 поени.
Во петок, на 7 јули, се игра средба која ќе реши кој ќе биде лидер на табелата и Крингила Лајонс ја пречекуваат екипата на Албион Парк со почеток во 20 часот.