Неочекуван пораз за Сиднам Парк Македонија после кој многу тешко дека ќе можат да го стигнат лидерот Алтона Сити. Домаќинот со еден гол ја реши средбата во 62 минута, а стрелец беше А. Ејџеј.
Сиднам Парк останува на второ место но разликата со лидерот сега е шест бодови. Следниот натпревар исто така е важен бидејќи ќе биде борба за зачувување на втората позиција.
Во сабота, на 22 јули, Сиднам Парк ја пречекува екипата на Вестгејт со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Алтона Сити 41
Сиднам Парк Македонија 35
Вестгејт 32
Бримбанк Сталионс 27
Витлси Јунајтед 26
Упфилд 23
Витлси Ранџес 20
Стратмор 19
Јаравил 18
Корајо 15
Банјул 15
Кило Парк 10