На последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната Сиднам Парк играше нерешено, без голови со Витлси. Со ова нашиот клуб заврши на второ место на табелата со 45 бода. Прва е екипата на Алтона Сити која го совлада Вестгејт со 1:0 и ја заврши годината со 54 бодови.
Дента имаше причина за славење на стадионот на Сиднам бидејќи подмладокот славеше победа со 4:1 над Витлси Ранџерс и официјално стана сезонски шампион. Стрелци на головите беа: Брендон Јовески 3 и Џое Гуерера.