Прва државна лига на Викторија, 22 коло
Клифтон Хил – Сиднам Парк Македонија одложено

Средбата помеѓу Клифтон Хил и нашиот Сиднам Парк, што требаше да се одржи минатиот викенд, беше откажана бидејќи теренот беше лош за игра. Ова е последен натпревар со кој се завршува регуларниот дел од сезоната и веќе се знае дека Клифтон Хил како последен на табелата испаѓа од лигата. За Сиднам Парк Македонија загарантирано е третото место без разлика на резултатот.

Во сабота, на 3 септември, Сиднам Парк Македонија гостува кај Клифтон Хил со почеток во 15 часот.

Останати вести