Неочекуван резултат за Сиднам Парк Македонија која играше со претпоследната екипа на табелата. Уште на самиот почеток домаќинот остана со играч помалку кога голманот на Корајо, Белани, доби црвен картон по само една минута игра. Со играч повеќе Сиднам не можеше да постигне гол и се чекаше се до 79 минута кога Такатоку си даде автогол за 0:1. Во судиското продолжение беше досуден пенал после кој Мурнаин беше исклучен и судијата досуди пенал. Сигурен егзекутор на најстрогата казна беше Били Аргиос за 1:1 во 93 минута.
Сиднам Парк Македонија сега е на второто место со три бода помалку од лидерот Вестгејт кој има 13.
Во сабота, на 29 април, Сиднам Парк ја пречекува екипата на Бримбанк Сталионс со почеток во 15 часот.