Сиднеј Македонија може само да жали што во последните моменти од средбата и избега бод на гостувањето кај Хакоа Сиднеј Сити. Сепак противникот е навистина силен и после 11 кола се уште ја нема почувствувано горчината на поразот и со причина го дели второто место заедно со Нортбриџ.
Крајниот резулта од 3:2 реално ја отсликува средбата и сега Сиднеј Македонија се наоѓа на шестото место на табелата со 17 бодови.
Во петок, на 26 април, Сиднеј Македонија гостува кај Непан со почеток во 20 часот.
ТАБЕЛА
Маунт Друит Таун Ренџерс 28
Нортбриџ Булс 22
Хакоа Сиднеј Сити 22
Нордерн Тајгерс 19
Блактаун Спартанс 18
Сиднеј Македонија 17
СД Раидерс 17
Бенкстаун Берис 14
Бонириг Вајт Иглс 13
Макартур Рамс 12
Дулвич Хил 11
НЈВ Универзитет 11
Ридлмаер Лајонс 10
Данбар Роверс 7
Непеан 5