Прва лига на НЈВ – 15. коло, Проспект Јунајтед – Сиднеј Македонија 0:1

Скромна, но многу важна победа оствари Сиднеј Македонија на гостувањето кај Проспект Јунајтед, со која „лавовите“ од Бенкстаун запишаа нови три бода во првенството.

Одлучувачкиот момент се случи уште во 4. минута, кога Џејсон Чаковски го постигна единствениот гол на натпреварот и ја реши средбата. По раното водство, фудбалерите на Сиднеј Македонија успешно ја контролираа играта и ја сочуваа предноста до самиот крај.

Со оваа победа Сиднеј Македонија сега има 27 бода и се наоѓа на третото место на табелата, само еден бод зад второпласираните Нордерн Тајгерс. Лидерот Блектаун Спартанс останува на врвот со 30 бодови, што најавува интересна трка за титулата.

Во следното коло, во петок на 15 мај, Сиднеј Македонија на домашен терен го пречекува подмладокот до 23 години на Њукасл Џетс, со почеток во 20:00 часот.

Останати вести