Прва лига на НЈВ – 6. коло, Сиднеј Македонија – Вестерн Сити Ренџерс 2:0

Екипата на Сиднеј Македонија ја продолжи победничката серија, совладувајќи го тимот на Вестерн Сити Ренџерс со сигурни 2:0. Ова е трета победа по ред за „лавовите“, која доаѓа во вистински момент и значително ја крева самодовербата на тимот по претходните три порази.

Домашниот состав уште од почетокот на натпреварот покажа поголема иницијатива и желба за победа. Резултатот беше отворен во 13. минута кога Џонатан Гроздановски се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на гостите за водство од 1:0.

Во продолжението од натпреварот Сиднеј Македонија ја контролираше играта и создаде неколку добри можности, додека гостите од Вестерн Сити Ренџерс се обидуваа да се вратат во мечот. Сепак, конечниот резултат беше поставен длабоко во судиското продолжение. Во 96. минута Алекс Урошевски стави точка на натпреварот, постигнувајќи гол за конечни 2:0 и сигурна победа на домаќините.

Следниот предизвик за Сиднеј Македонија е веќе следниов викенд. Во сабота, на 21 март, тимот гостува кај Дулвич Хил, а натпреварот започнува во 19:15 часот. 

Останати вести