Првото коло на Австралискиот шампионат оваа седмица: Престон Македонијаи Бродмедоу Маџик почнуваат содомашни натпревари

Од оваа седмица започнува новиот Австралискиот шампионат, во кој ќе имаме две екипи од Македонската заедница, Престон Македонија и Бродмедоу Маџик.

Во Австралискиот шампионат се собираат 16 тима во динамичен  формат, со осум фондациски клубови помеѓу кои е Престон Македонија и осум шампиони од Националните премиер лиги, меѓу нив е и нашата Бродмедоу Маџик. Овој иновативен формат ги поврзува државните лиги со патеката на формирање Б-лига, што ќе биде по A-лигата, помагајќи во  обликувањето на националната фудбалска пирамида и  нови можности за клубовите и играчите.

Престон Македонија првиот натпревар го игра в сабота, на 11 октомври, кога ја пречекува во Резерво екипата на НЈВ Спирит во 15 часот.

Во недела, на 12 октомври, Бродмедоу Маџик го пречекува Моретон Сити во 13 часот.

Останати вести