Минатиот викенд Рокдаел Илинден имаше традиционална презентациона вечер во која клубот го прикажува новиот дрес со спонзорите. Преку 600 луѓе беа присутни на овој собир во кој покрај првиот тим беа и младинските екипи во Спортскиот центар Илинден. Меѓу присутните ги забележавме Стив Кампер министер за спорт на НЈВ и градоначалникот на Бејсајд, нашиот Бил Саравиновски.
Прилепското друштво “Методија Андонов Ченто” на оваа прилика донираше чек за клубот од 5,500 долари.
Националната премиер лига на НЈВ започнува за десет дена, и Рокдаел Илинден игра в сабота, на 17 февруари со гостување кај Сент Џорџ Сити со почеток во 19:15 часот.
