Во прекрасниот амбиент на Neret Reception, на 29 ноември, Македонското младинско културно-уметничко друштво „Никола Карев“ го одржа својот презентациски бал, на кој особено место зазеде доделувањето на пехарите за играорците од сите три групи.
Презентациската вечер на АММД „Никола Карев“ беше исполнета со прослава, танц и песна — совршен начин да се заокружи уште една неверојатна година исполнета со настапи, патувања и непроценливи спомени за нашите млади играорци.

Оваа година имаше и двајца добитници на златник од АММД „Никола Карев“ — Кристијан Наумчевски и Џош Нешкоски, за нивниот долгогодишен труд и посветеност, одбележувајќи осум години како играорци во големата група, а се разбира и многу години претходно како јуниори. Управата е исклучително горда на секој играорец; нивната страст, посветеност и љубовта кон македонското наследство се навистина извонредни.
Голема благодарност и до родителите, кои неуморно ги носат своите деца на тренинзите и сите настани. Со нетрпение сите ја очекуват наредната и уште поголемата 2026 година.