Средба во која играта во првото полувреме беше здодевна и без голови, но затоа доби во темпо во вториот дел и, што е најважно, се освоени трите бода. За првиот погодок се чекаше до 62. минута, кога Маркус Скроен со глава нафрлената топка од слободниот удар ја смести во мрежата. Иницијативата беше на страната на Престон Македонија и се бараше приод до голот за да се осигури победата. Тој момент дојде кога се создаде доволно простор за Лук Џего во 75 минута, и тој со извонредна завршница и удар од над 20 метри постигна гол за 2:0.
Кога се очекуваше крај на средбата, длабоко во судиското продолжение, гостите преку Морган Филер во 95 минута го ублажија поразот. Тоа беше нафрлена топка од слободен удар во кој највисоко скокна Филер и со глава ја испрати топката во мрежата за конечните 2:1. Судиите неколку секунди после тоа ознација и крај на средбата.
Во недела, на 21 април, Престон Македонија гостува кај Мелбурн Сити со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Мелбурн Виктори 20
Лангварин 16
Норткот Сити 16
Престон Македонија 15
Булин Лајонс 14
Вестерн Јунајтед 13
Брансвик Сити 13
Бентли Гринс 13
Кингстон Сити 12
Каролајн Спрингс 9
Мелбурн Сити 7
Истерн Лајонс 6
Вереби Сити 6
Норт Џилонг 6