Престон Македонија очекува позитивен одговор за учество во Втората национална лига

Минатиов понеделник Престон Македонија ги достави документите до Фудбал Австралија за учество во новата Национална втора лига. Основањето на Втора национална фудбалска лига претставува критичен дел од 15-годишната стратегија на Фудбал Австралија за спортот, чија цел е  усогласување на австралиските фудбалски натпреварувања. Клубовите кои ќе влезат во потесниот круг ќе играат клучна улога во обликувањето на оваа иднина.

Фазата за доставување документи за учество заврши. Таа е клучна за поставување на темелите за Втора национална фудбалска лига и крајниот рок беше 28 август 2023 година. Со оглед на доверливата природа на процесот Фудбал Австралија нема да ги открие клубовите што поднеле документи.

Следната фаза е проценка и преглед на доставените пријави во септември и октомври и донесување на одлука како ќе изгледа новата Втората национална лига. Секој поднесен предлог ќе претрпи ригорозна проценка за да се обезбеди нејзината комплетност и усогласување со утврдените критериуми и барања. Доколку доволно предлози се сметаат за соодветни, оваа фаза ќе продолжи со фазата на завршување, означувајќи го крајот на процесот на селекција.

Втората национална лига се очекува да започне во март 2024 година и ќе вклучува помеѓу 10 и 16 тимови со 24 до 36 натпревари во сезоната. Се­пак, останува можноста Фуд­бал Австралија да воведе фазен модел „базиран на групи“ односно да се користат националните Премиер лиги за составот на овој формат на натпреварување (моделот „Лига на шампиони“).

Од Престон Македонија посебно се заблагодарија на тимот и стратешки советници предводени од Зак Груевски и претседателот Дејвид Цвет­ковски за нивната посветеност и професионализам да се исполнат сите барања и да се достават во име на клубот.

Останати вести