Минчо Јорданов си ја “купува“ црквата самиот од себеси? Имено сопственик на “Бетон“ е еден од најбогатите македонски бизнисмени Минчо Јорданов (ја градеше и Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ). Тој е сопственик и на “Ре-медика“ каде директор е неговата сопруга Елица Јорданова. “Си купувам црква и ќе си палам свеќи за здравје“, одговара Јорданова на прашањето каква е оваа зделка? Дали ќе ја предадат на МПЦ-ОА или можеби ќе прават нова верска организација?
Од МПЦ-ОА – молк!
Градежната компанија „Бетон“ со години не ја предава црквата “Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје на инвеститорите – Фондацијата “Св. Цар Константин“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) – поради долгот од 270 милиона денари односно А$7 милиона.
Но сега се појавува Приватната здравствена установа “Ре-медика“ која се нафаќа да го преземе тој долг па за ова одлука треба да усвојат и акционерите на градежната компанија на вонредното акционерско собрание кое е закажано за 18 октомври. Кога ќе се усвои болницата “Ре-медика“ ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ, без дисконт.
Лани во ноември „Бетон“ побара да се отвори стечајна постапка затоа што не можеше да наплати А$1.76 милион од Фондацијата. Но неписредно пред крајот на годината, на 25 декември 2020 е постигната Спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски при што прискокнува на помош “Ре-медика“.
Изградбата на величенствениот храм започна во ноември 2012 година. Го доби името “Св. Константин и Елена“ како еден вид возобновување на црквата која била посветена на истите патрони а се наоѓала на местото на денешниот Градски трговски центар.
МПЦ-ОА на почетокот стави 1 милион вера на сметката. Другите пари требаше да се соберат со донации. Во декември 2014 година беше организирана последната (трета) донаторска конференција за црквата по што се објави дека од 2012 до 2015 се собрани над 2 милиона евра. Од донаторит 258 биле приватни фирми, шест донатори се државни институции и 176 се физички лица. Најголем донатор е ЕВН Македонија со половина милион евра.
Идејното решение и основниот проект на црквата е на архитектите Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“ од Скопје. Црквата е во форма на крст и има една централна и четири помали куполи, како и четири апсиди и една олтарна апсида. Фрескописот е во византиски стил и е според македонската школаа го работеа мајстори од Украина. За потребите на црквата се изработени 12 ѕвона направени во фабриката „Грасмаер“ од Инсбрук, од кои најголемата камбана е со тежина од 8.3 тона, а втората и третата камбана тежат 3.5 и 2.3 тона. Тие се поставени на камбанаријата висока 50 метри. На најголемото ѕвоно стои натписот: „Во слава на пресветата и единосушна Тројца, Отецот и Синот и Светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“, додека на второто по големина ѕвоно стои натписот: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.
