Приватно високо образование: Се заработува ли многу од „продавањето“ дипломи во Македонија?

Приватните универзитети во Македонија одамна не се само алтернатива, туку активни играчи што го забрзуваат модернизирањето на високото образование. Се гледа брза акредитација на програми, фокус на информатичката технологија, бизнис и вештачка интелигенција во наставата, како и подлабоки партнерства со компании. Оваа свежина се чита и во финансиските показатели: приходите растат, профитот е пошироко распределен, вработеноста е стабилна со благ прираст, а платите постепено се качуваат во овие институции.

Анализата на портлот „Пари“ во соработка со „Бизнис мрежа“ покажува дека првите десет приватни високообразовни установи по приход во 2024 година оствариле вкупен приход од околу 34 милиони евра ($60,5 милиони); првите 10 по добивка имале заедничка добивка од околу 6 милиони евра. Во десетте универзитети што се најголеми работодавачи има 864 вработени.

Во категорија приватни универзитети најуспешен е Меѓународниот балкански универзитет Скопје (се наоѓа во кругот на поранешната касарна „Илинден“, од страната кон Чаир). Со 14,4 милиони евра приход (A$25.6 милиони) го зазема првото место, а во однос на 2023 ги зголемил приходите за 20,64%. Овој универзитет во земјата собира најмногу студенти од Турција.

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ја зазема втората позиција и приходите изнесуваат 8,4 милиони евра (скоро A$15 милиони). На третото место е Универзитетот „Американ колеџ Скопје“, кој лани остварил промет од 2,5 милиони евра (A$4.5 милиони).

Со 2,2 милиони евра (A$3.9 милиони) на четврта позиција е Американски универзитет на Европа ‒ ФОН Скопје и се издвојува со најголем раст на приходите од 45% во однос на 2023.

Потоа е Меѓународниот славјански универзитет Свети Николе со 1,9 милиони евра, кој располага со два кампуси ‒ во Свети Николе и Битола, и е дом на повеќе од 2.000 студенти. На шесто и седмо место се Европски Универзитет ‒ Скопје и Универзитет Скопје, и двата со по околу 1,1 милион евра.

Кај останатите три високобразовни установи: Меѓународен универзитет Струга, Меѓународен универзитет Визион Гостивар и Бреинер некст Скопје приходите се во оспег од 580 илјади евра до 991 илјада евра (во обратен редослед).

Mилионски профити само кај два универзитета

Во чекор со приходот, најпрофитабилен универзитет е Меѓународниот балкански универзитет ‒ Скопје со добивка од А$5.8 милиони, второпласиран е ФОН со А$1.6 милиони, на трето место се наоѓа Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со А$959 илјади (и голем пад од 50% во однос на 2023).

Најголем работодавач минатата година бил Меѓународниот балкански универзитет Скопје со 232 лица. Потоа следи Универзитетот на Југоисточна Европа ‒ Тетово со 177 ангажирани лица. Останатите универзитети бројат од 27 до 81 вработен. Голем пад во бројот на вработените бележи ФОН, од 110 во 2023 на 71 во 2024 и Европскиот универзитет, од 60 на сегашни 46.

Највисоката просечна плата е A$2,250

За знаењето што им го пренесуваат на студентите во приватните универзитети, платите на вработените се движат во јасен нагорен тренд во однос на 2023 година, со распон од околу A$1,030 до 2,250 месечно по институција.

Највисоки примања имаат вработените во Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово – A$2,250, близу до нив се вработените во Меѓународниот балкански универзитет Скопје со просечна плата од A$2,070. Потоа следи Бизнис–академија Смилевски ‒ Битола со A$1,801.

Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) денес е најголем приватен универзитет во државата и најдобро рангиран во категоријата „настава и учење“ на престижната Шангајска листа. Основан е во 2006 и денес има околу 3.500 студенти

Останати вести