Ракометарите на МКД против Романија и Чешка во баражот за пласман на СП 2023

Романија и Чешка се противниците на македонската машка ракометната репрезентацијата во бараж-натпреварите за пласман на Светското првенство (СП) кое ќе се игра идната година.

Трите порази и освојувањето на 22. место на Европското првенство во Унгарија и Словачка ги однесе ракометарите на потешкиот пат „за вадење“ мундијалска виза.

Ждрепката на европските бараж натпревари на избранците на селекторот и капитен Кирил Лазаров им ја додели Романија и првиот натпревар е предвидено да се игра на 14 март во Скопје, а реваншот ќе се игра шест дена подоцна. Доколку ја победат Романија, победникот во вториот бараж двомеч против Чешка ќе го даде патникот на СП. Натпреварите треба да се играат на 11 и на 17 април.

Двојки за баражот:

  • Чешка/ Македонија – Романија
  • Грција – БиХ/ Црна Гора
  • Украина – Финска/Хрватска
  • Италија – Словенија/Србија
  • Португалија – Швајцарија/Холандија
  • Австрија – Естонија
  • Германија/Ф. Острови – Белорусија
  • Израел – Литванија
  • Русија/Словачка – Белгија

Останати вести