Откажувањето на трката во Јапонија ги натера челниците на Формула 1 да ја прифатат реалноста и да потврдат дека сезоната нема да има 23, туку 22 трки.
Формула 1 го истакнува фактот дека и оваа бројка е нов рекорд, но пандемијата не му дозволи на раководството да ја исполни првично зацртаната цел.
Деновиве беше објавен ревидираниот календар на трки до крајот на сезоната и има различни поместувања, како и една трка за која и натаму е неизвесно каде ќе биде возена.
По Белгија следат трките во Холандија, Италија и Русија кои остануваат во досегашните термини.
Американското гран-при исто така ќе биде возено во претходно најавениот термин, а една недела наназад одат трките во Турција, Мексико и Бразил.
Последната трка ќе се вози во Абу Даби на 12 декември.