Револуција во кошарката, паркет од ЛЕД-екрани!

Меѓународната кошакрарска федерација (ФИБА) го промовираше новиот револуционерен чекор во овој спорт, првпат тестиран на Светското првенство за кошаркарки до 19 години во Мадрид.

Станува за иновативен под од ЛЕД-екран, кој го замени традиционалниот паркет, во салата „Паласио депортес де комунидад Мадрид“. Целиот под на теренот е всушност стакло, поточно ЛЕД-екран, па затоа од време на време може да се забележи како ја менува содржината која ја емитува, биле тоа логоа од спонзорите или некој графички ефект.

– Ова е историски ден за ФИБА и за кошаркарките во Мадрид, кои добија можност да се натпреваруваат на новаа иновативна подлога. Многу го исчекувавме овој момент и да можеме конечно да го откриеме стаклениот бод е навистина возбудливо. Исто така добро е што првите натпревари кои ќе се играат на оваа подлога ќе бидат четири компетитивни меча од четвртфиналето на СП за кошаркарки до 19 години, изјави генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис.

Мечот меѓу Франција и Јапонија (80:78) беше прв кој се одигра на оваа подлога. Одласите се позитивни, затоа што немало лизгање како што е случај со паркетот, а можностите кои ги носи електрониката под ЛЕД-екраните се бескрајни.

Секое движење на кошаркарите или кошаркарките може да биде следено, би се откриле нови статистички и тактички видици, а да не зборуваме за олеснувањето при спорни одлуки околу чекори, нагазена линија итн.

Останати вести