Синот на една од најголемите ѕвезди во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс, со само 17 години веќе е баран играч. Брони Џејмс настапува за екипата на средното училиште Сиера Канион во близината на Лос Анџелес.
Младиот кошаркар иако има само 17 години, веќе успеа да потпише милионски спонзорски договор. Се работи за соработка со компанија за долна облека, а според договорот до крајот на средното образование Брони Џејмс ќе заработи 5,1 милион долари. Со оваа компанија соработуваат и НБА ѕвезди како Џа Морант, Џими Батлер, Треј Јанг и Тајлер Хиро…
Младиот Џејмс со само 17 години привлекува внимание, не само поради својот татко, туку и поради добрите партии на кошаркарските терени. За него веќе се интересираат многу колеџи како Дјук, Охајо Стејт, Мичиген, Канзас, Тексас, Тенеси, УКЛА… Нему му се предвидува добра кариера и настапи во НБА лигата во иднина.