Шпанските медиуми објавија голем скандал во кој Барселона е обвинета за корупција.
Судот во Шпанија објави дека поранешните функционери Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, но и поранешните извршни директори Алберт Солер и Оскар Грау се обвинети за корупција и лажна документација.
Скандалот изби откако се појавија информации дека Барселона му плаќала големи хонорари на Енрике Негреира кој бил потпретседател на судискиот комитет во Примера и тој наводно ја употребувал својата функција за да влијае кај одредени судии да имаат поголема наклонетост кон Каталонците. Се шпекулира дека Негреира добивал големи хонорари во неколку наврати, а целата сума достигнува нешто над 8.5 милиони евра.
Во шпанската Примера Барселона би можела да помине како Јувентус во Италија и да добие казна од одземање на 15 бода, а исто така да ја почне и следната сезона со минус од 15 бода. Шпанија чека разврска на оваа тема, а надлежните ги вршат сите истражувања…
Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас, минатиот месец изјави дека Лапорта треба да си поднесе оставка ако нема „логично“ објаснување за исплатите, но Лапорта ја обвини Ла лига дека сака да го контролира клубот и посочи дека тие никогаш не плаќале судии.
Но шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона би можела да добие дополнителна и уште посериозна казна ако се вмеша УЕФА. Имено, ако УЕФА се одлучи посериозно да ја разгледа ситуацијата и утврди дека е нарушен угледот на европскиот клупски фудбал може да следи суспензија.
Тоа би значело дека Барселона да не може да игра во било кое европско натпреварување (Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига) од две до пет години.
Се истакнува дека европската куќа на фудбалот би се водела според член 4 според кој клубовите кои се поврзани со корупција или нешто слично се санкционираат.