Скопје домаќин на Европските младински олимписки игри во 2025 година

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски минатиот викенд во Истанбул на 52-то генерално собрание на Европскиот олимписки комитет официјално ја потпиша ратификацијата за одржување на Европските младински олимписки игри (ЕМОИ) во Скопје 2025 година.

На ЕМОИ во Скопје се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави, кои ќе се натпреваруваат во 14 олимписки спортови.

– Особена чест ни претставува што ќе бидеме домаќини на ваков реномиран меѓународен спортски настан. Посветено работиме да потврдиме дека Скопје секогаш е добар домаќин и одличен организатор, а овој реномиран спортски меѓународен настан е уште една одлична можност за афирмација и промоција на нашиот град како спортска и културна дестинација, изјави градоначалничката Арсовска.

Таа смета дека организацијата на настанот е одлична можност со поддршка на ЕУ да се инвестира во подобрување на домашните капацитети и инфраструктурата со што ќе се подобрат условите за спортување на младите генерации успешни спортисти.

Останати вести